×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово во срцето“ - литературна работилница со Венко Андоновски во Куманово

    20.05.2024 12:18 | Оливера Пешевска

    Писателот Венко Андоновски, професор на Филолошкиот факултет во Скопје, беше гостин на денешната литературна работилница „Куманово во срцето“, која ја организираше Здружение на просветни работници Куманово, по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

    „Куманово во срцето“ - литературна работилница со Венко Андоновски во Куманово

     На работилницата учествуваа 88 ученици и 35 ментори од општинските основни и средни училишта со настава на македонски јазик.

    „Ја не дојдов овде за да ве научам како се пишува, нема шанси никој да ве научи. Не е дека нема теории за книжевност, ама за да се напише книга мора да постои потреба. Тоа никогаш не доаѓа од исполнетост, затоа што пишувањето почнува од празнина и некој недостиг. Празнината во душата е најсилниот експлозив, што подоцна го бара јазикот за да се изрази во некаква форма на уметничко дело“, се обрати до присутните Андоновски.

    Цел на ова работилница е поттикнување на литературната креативност кај талентираните ученици и негување на љубовта кон родниот град по повод 505 годишнината од неговото постоење, како и подигање на локалната свест и заедничка грижа и афирмирање на мајчиниот јазик преку литературно творење.

    Најуспешните творби ќе ги оценува Андоновски, за една недела ќе бидат прогласени победниците на работилницата.  Натпреварот се одржува во четири категории- ученици од седмо одделение, ученици од 8 и 9 одделение, средношколци од прва и втора година и ученици во трета и четвртта година во средните училишта во Куманово.


    Манифестацијата е во рамките на Програмата за култура на Општина Куманово, која доби 15.000 денари од локалниот буџет.