×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница доби компјутерски томограф

    03.06.2011 14:51 | KumanovoNews

     Општата болница во Куманово доби современа опрема во вредност од 1 милион евра.  Највреден е компјутерскиот томограф за длабинско снимање на организмот, прв од ваков вид во болницата.

    Кумановската болница доби компјутерски томограф

    Покрај томографот, кој вреди околу 800 илјади евра,  добивме и лапроскоп, два ехо апарати, целосно е опремена една операциона сала, добивме респиратор, неколку монитори, инкубатор и друга апаратура. Вредноста на донацијата е над милион евра. Со оваа донација значително ќе се подобри здравствената услуга во нашата болница и пациентите повеќе нема да одат во Скопје  да бараат здравствена заштита-рече Ариф Љатифи директор на болницата.

    Компјутерскиот томограф ќе се стави во функција за десетина дена, откако ќе бидат завршени сите технички подготовки од фирмата „Сименс„ за негова непречена работа. Во меѓувреме ќе се заврши и професионалната едукација на лекарите. Снимањето ќе чини 4.5000, но ќе биде покриено од Фондот за здравство и пациентите ќе плаќаат само 200-300 денари. Во приватните ординации за таков преглед чини околу 10.000 денари.

     Овој апарат најмногу ќе се користи за дијагностицирање на најтешките болести, но со навремено откривање постои можност за нивно лекување.Со овој апарат ќе се снима секој дел од секелетот на човекот, со компјутеризирано снимање и селектирање на промените во организмот, лекарите полесно ќе ја поставуваат дијагнозата и навремено ќе реагираат- вели д-р. Јордан Пачков.

     Опремата ја обезбеди Министерството за здравство, а денеска беше свечено предадена во употреба во присуство на раководството на болницата, лекарите и претставници од политички партии.