Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општата болница во Куманово од денеска ќе се грее не гас, откако е инсталиран нов систем за грење за кој Министерството за здравство обезбеди 300 илјади евра. Предходно болницата се затоплуваше на мазут и нафта, па беше посочувана како еден од најголемите загадувачи во Куманово.
„Ова е голема инвестиција, којашто ние сами како Општа болница Куманово, а особено во услови на пандемија не би можеле да ја обезбедиме. Проектот го релизиравме со помош на Владата и Министерството за здравство. Првичната проценка беше дека проектот ќе чини околу 250 илјади евра, но поради зголемување на цените на пазарот при изградбата на гасната котлара целиот проект излезе 300 илјади евра“, изјави Снежана Захариева, директорка на Општа болница Куманово.
Таа додава дека во некои други времиња покрај еколошко ќе имале и економско затоплување, но сега во време на енергетска криза кога цената на гасот е многу зголемана не се надева на помали сметки, туку напротив, очекува дека загревањето со природен гас ќе ги чини поскапо.
„Ова е ново искуство за нас, ќе видиме како ќе функционира, но се надеваме дека ќе биде подобро од загревањето со мазут. Очекувам да се стабилизира целокупната состојба и дека нема да имаме потреба до дополнително загревање со други енергенси, дека ќе имаме редован испорака на гас поради проблемите на светскиот пазар, но ние секогаш како алтернатива ќе го имаме греењето на мазут, бидејќи сме болница и не смееме да дозволиме да останеме без енергенс“, рече Захариева.
Општата болница Куманово досега греењето ја чинело околу 50 илјади евра годишно за површина од 4.500 метри квадратни во повеќе објекти. Колкава ќе биде потрошувачката и пресметките за новото затоплување ќе се знае наредниот месец.
Кумановската болница со гас ќе ја снабдува ЈП „Куманово-гас“, кој изгради дистрибутивна мрежа и приклучок до болницата. Таа ќе биде најголем потрошувач на гас во градот, со што се очекува да се подобри одржливоста на претпријатието.