×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница започна со бесплатен скрининг за рано откривање на рак на дојка

    14.03.2024 08:49 | Оливера Пешевска

     Општа болница Куманово во соработка со Министерството за здравство започна со бесплатна скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка.

    Кумановската болница започна со бесплатен скрининг за рано откривање на рак на дојка

    Се работи за мамографски прегледи со кој ќе бидат опфатени жени на возраст од 40-69 години, кои не се оперирани од карцином на дојка, и кои последните две години не направиле мамографија. 

    Мамографијата се смета за најсигурен начин за детекција на промени во ткивата и жлездите на дојките, и е водечка дијагностичка метода во рана детекција на промени кои би можеле да доведат до малигни промени.

    „Наши лекари, сестри и друг медицински кадар беа на обуки за спроведување на ова скрининг програма. Ја организира министерството, ние ги спроведуваме само снимањата со пациентите. И добиените резултати ќе се читаат и ќе даваат свое мислење определени лица од министерството, по што пациентите ќе бидат информирани за резултатите“, истакна Биљана Ивановска директорка на болницата.

    Сите заинтересирани можат да се пријават само на сајтот skrining.zdravstvo.gov.mk. Со тоа се регистрираат директно во националниот систем Мој Термин.  Жените ќе бидат повикани преку смс порака со закажување на термин.

    „Се замолуваат пациентките да го откажат терминот доколку не се во можност да дојдат за да биде искористен терминот од друга пациентка“, информираат од Министерството за здравство.

    Раното откривање на карцином на дојка значи многу во понатамошно лекување, е максимата која постојано се повторува од медицинските лица. Затоа советуваат жените да бидат одговорни за своето здравје, што им го должат на нивните деца, родители и на животните патрнери.

    „Нашиот живот значи живот на семејството“,  се порачува со повикот. 

    Куманово шест години немаше мамограф во јавното здравство, поради што жените мораа да плаќаат приватни прегледи или да одат во амбулантите во околните градови. Минатата година Кумановската болница доби нов современ мамограф.