Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението “Кумановски акцијаши“ бара сугестија од граѓаните да им предложат локација каде треба да се исчисти и уреди просторот за општо добро.
Секој од вас кој има идеја за некоја акција која е од општ интерес на граѓаните на Куманово и за самото Куманово, во смисла на просторно уредување, озеленување, а за која мисли дека ќе наиде на одобрување од сите чинители на општината, пишете ни се на е-маил адреса: [email protected] - вели Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.
Граѓаните можат да ги контактираат во седиштето на улица “11 Ноември“ бб секој ден од 18 до 20 часот.