×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Кумановски акцијаши“ ја исчистија Менкова колиба

    15.12.2014 09:55 | KumanovoNews

    Активисти од здружението “Кумановски акцијаши“ заедно со нивните колеги од Скопје, советниците од Советот на општина Куманово и вработени во “Чистота и зеленило“ вчера го исчистија локалитетот Менкова колиба.

    “Кумановски акцијаши“ ја исчистија Менкова колиба

    “Кумановски акцијаши“ и за наредната година планираат низа активности за расчистување и разубавување на просторот околу културно - историските споменици.

    „Ова беше прва фаза, а на пролет ќе се реализира втората фаза која подразбира унапредување и разеленување на локалитетот Менкова колиба. Потоа на ред ќе биде Спомен костурница со просторот околу, како и другите спомен обележја и излетнички места кои се од поширок интерес. На стартот на пролетта ќе ја уредиме месна заедница Бедиње, ќе има активности по должина на кејот“ - изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“.

    Здружението ќе се вклучи и во традиционалните акции за пошумување.