×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски бизнисмен цел на измамник

    06.10.2011 10:48 | KumanovoNews

     Човек кој се претставувал како вработен во Министерството за правда се обидел да измами кумановски бизнисмен, и  му барал пари за наводно лекување на болно дете.

    Кумановски бизнисмен цел на измамник

     Како што раскажува кумановецот, минатата недела по мобилен телефон му се јавил извесен Диме Мицевски од Скопје, кој побарал на жиро сметка да му уплати 3000 денари. 

     Кога ми ги побара парите ми рече дека и тие ќе ми се најдат во Министерството за правда, ако нешто ми затреба. Јас се размислив што да правам, па се јавив да проверам дали човекот навистина работи таму. Секретарката не ме ни дочека да и објаснам, ми кажа дека се работи за преварант,а не за нивен вработен, кој се јавувал и во други фирми- раскажува бизнисменот.

    Откако не ја добил бараната сума, измамникот почнал да се јавува и да додева на останаите вработени во фирмата, а на сопственикот му пратил заканувачка порака.

    „Господине немој да мислиш дека си ме заебал, бидејќи јас 3000 денари ќе ги дадам од џеп, ама на тебе ќе ти пратам решение, па натаму сам снаоѓај се„. 

    Бизнисменот се јавил во полиција да го пријави случајот, но му било речено дека нема дело бидејќи не ги уплати парите, а може да пријави само заканувачка порака. При тоа му објасниле дека за да се подигне обвинение за измама, сумата требало да надмине 100 евра. Измамникот најверојатно добро го знае тоа и затоа бара помалку пари. Но доколку повеќе луѓе докажат дека се измамени од исто лице,  тогаш тој кривично ќе се гони.

    Во Министерството за правда потврдија дека повеќе граѓани се обратиле кај нив да проверат дали нивен вработен ги рекетира, и велат дека случајот го пријавиле во полиција.