Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Работници од вкупно 62 фирми од Куманово, Штип и Скопје, но и од останатите градови низ земјава, пријавиле дека газдите воопшто не им исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок, а во 16 фирми имало само делумна исплата на К-15.
Пријавите стигнале до невладината организација „Гласен текстилец“ во Штип, а претседателката Кристина Ампева вели дека и оваа година имало исплата од 100 и 500 денари.
„Од тие вкупно 62 фирми кои што се пријавени, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде, ќе им каже дека треба да исплатат К-15, меѓутоа, колективниот договор дозволува исплата на тие срамни суми од 500, од 100 денари да поминат, па дури и таму каде што има синдикално организирање“, вели Ампева.
Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.