×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Кумановски графичари 2021“ во Неготино

    17.12.2021 07:53 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на Музеј на град Неготино денеска во 13 часот ќе биде отворена биеналната изложба на графики „Кумановски графичари 2021“.

    „Кумановски графичари 2021“ во Неготино

    На изложбата учество ќе земат академските графичари: Зоран Јакимовски,  Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски,  Ханифе Ислами,  Александар Стефановски , Милена Арсовска,  Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски и Дејвид Стоилковски. Изложбата содржи дваесеттина графики од најновата продукција на гореспоменатите графичари, работени во повеќе графички техники. Проектот го организира и координира НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово.

    „Изложбата на графики „Кумановски графичари 2021“ и покрај бројните проблеми со графичката продукција и сложените услови на делување во пандемиска криза сепак ќе ги израдува љубителите на графиката. Замислена како биенално претставување на најновите графички остварувања на кумановските академски графичари, изложбата, за жал го изгуби чекорот на двегодишно промовирање на оваа актуелна гранка од областа на визуелните уметности. Причините се првенствено предизвикани од пандемиската криза но и од намалената графичка продукција. Сепак, направените напори вродија со плод и успеавме да собереме една колекција од дваесеттина не излагани графички листови од 11 автори. Застапени се повеќе класични графички техники иако се забележува придвижување кон дигиталниот печат – техника којашто веројатно ќе доминира во претстојниот период. Со ова овозможивме континуитет на овој успешен серијал на афирмација на кумановските графичари претставувајќи им го актуелното творештво на ликовната критика и пошироката публика. Се надеваме дека деветтото издание на “Кумановски графичари“ ќе предизвика интерес кај пошироката медиумска јавност и ќе ја актуализира важноста на современата македонска графика“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

    Изложбата ќе биде поставена до 09.12.2021 г. а потоа ќе биде презентирана пред љубителите на графиката во Неготино.