Куманoвски и скопски навивачи се степале во Охрид
10.02.2014 11:23
| KumanovoNews
На Градскот плоштад во Охрид викендов се пресметале кумановски и скопски навивачи.

Навивачите на кошаркарски клуб “Куманово“ и на “МЗТСкопје“ непосредно пред почетокот на натпреварот се навредувале, довикувале, по што настанала тепачка. Тие фрлале со разни предмети при што оштетиле три автомобили кои биле паркирани во близина.
Приведени во охридската полиција се 24 навивачи и по расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.