Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во театар Куманово во тек се подготовките на новата детска тетарска претстава „Волкот и трите прасиња“. Премиерата треба да се случи во средината на декември, а ќе се одигра во Занаетчиски дом.
„Ова е еден интересен детски текст кој пред десетина години е поставен во театар Куманово како куклена претстава, а сега претставата ќе биде на голема сцена и очекуваме успешна премиера и долго играње на претставата на репертоарот на театар Куманово“, соопштуваат од Тетар Куманово.
Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска и Владанка Крстевски.
Сценографијата е на Крсто Богојевски, драматург е Симона Тоскиќ, музиката на Зоран Зафировски, а режија на Бојана Краљевска.