×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот џез фестивал вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово

    08.10.2024 11:09 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово,  вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи годинешниот Џез фестивал.

    Кумановскиот џез фестивал вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово

    На програмата се настапите на „Такси Консилиум“ и „Максимовски јунајтед“ бендовите, групи од Македонија со членови од разни градови од државата.

    Овој фестивал има децениска традиција, порано бил повеќедневен настан во големата сала на Центарот за култура, но поради тоа што немаат поддршка од Министерството за култура во последните неколку години се концентрирани на помал простор и само една вечер.

    „Што се однесува до публиката има интерес, минатата година салата во Занаетчиски дом беше полна, имаше публика и на галеријата. Но, организираме според можностите, ентузијастички и волонтерски, од чиста љубов кон овој жанр“, истакна уметничкиот директор Филип Стевановски од ИНУКС институтот.

    Џез фестивали се одржуваат и во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Штип, па љубители на џезот добро се познаваат меѓу себе и редовно присуствуваат на вакви организирани фестивалски свирки.

    „Нашиот фестивал е за оние кои го разбираат и сакаат џезот, па кај нас не може да се види дека некој се досадува, сурфа на телефонот, или си муабети меѓу себе. Концентрирано се слуша и восприема музиката, а подоцна се задржуваат за да искоментираат и поразговараат за она што ќе го слушнат. Тоа е тоа за што го работиме ова“, објаснува Стевановски.

    Фестивалот доби финансиска поддршка од 100.000 денари од Општина Куманово, но постојат и приватни стопански субјекти кои спонзорираат дел од трошоците за организација.

    Влезот е слободен за сите заинтересирани.