×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот музеј го посетуваат само ученици, граѓаните незаинтересирани

    12.02.2020 11:01 | KumanovoNews

    Наместо родителите да ги носат своите деца да ги запознаат со културното наследство на градот, се случува децата да ги носат родителите за да им покажат некој интересен предмет што го виделе додека биле од училиште. Повеќе има странски од домашни повозрасни посетители, велат од музејот

    Кумановскиот музеј го посетуваат само ученици, граѓаните незаинтересирани

    Граѓаните на Куманово немаат навика да го посетуваа музејот и не се заинтересирани за историјата и развојот на својот град. Иако од неодамна е обновена музејската поставка со стари предмети и од пред 7000 години, освен учениците други посетители во оваа културна институција речиси и да нема.

    Фросина Лазаревска вели дека 90 отсто од посетителите се помлади, а тоа најчесто се ученици од средни и основни училишта, кои доаѓаат во рамките на наставата која ја спроведуваат, а дека досега не се случило група на кумановци да се собере и да дојде во музејот.

     -  Поголем процент од возрасните посетители се странски туристи, отколку наши сограѓани. Јас апелирам до граѓаните да ја дигнеме свесноста на малку повисоко културно ниво, за тоа колку е битно да се посети музејот и колку ќе се збогати една личност ако слушне нешто и види многу интересни работи кои ги имаат држано во раце нивните далечни предци. Влезницата е симболична, со цена на едно кафе, а ние им гарантираме едночасовно возбудливо доживување низ минатото на градот,- истакнува Лазаревска.

    Во музејот, наместо родителите да ги носат нивните деца да се запознаат со културното богатство, се случува децата да ги носат родителите за да им покажат некој интересен предмет.

    - Се случува на пример децата да се воодушеват од некој предмет на поставката. Може да се рече дека околу 5 до 10 отсто од учениците во групата љубопитно разгледуваат, прашуваат, а таквите ученици ни се случувало неколку дена подоцна да ги донесат родителите за да им покажат што виделе интересно во музејот. Меѓутоа, граѓанинот треба да стекне навика за да посетува музеи, уметнички изложби. Малку повеќе мислам дека тој дел од културата ни недостасува на сите во нашиот град. Да не бидеме југонасталгични, меѓутоа во тој период од поранешна Југославија многу повеќе се вреднуваше културната програма,- додава таа.

    Во Кумановскиот музеј од неодамна се поставени нови експонати, кои го покажуваат богатото културно наследство на поширокиот кумановски регион.

    - Пристапено е со поинаков концепт на изложување на музејските експонати со интересни позадински едукативни постери, со модерни постаменти од плексиглас кои овозможуваат одлична прегледност на збирките во ветрините. Направена е и мала, но интересна нумизматичка збирка каде што посетителот ќе може да скенира апликација за да следи вистинска приказна за патот на една монета, сменето е и осветлувањето, а донесени се и нови телевизори, но сепак граѓаните на Куманово изостануваат како посетители,- вели Лазаревска.

    Во Музеј Куманово може да се видат предмети коишто се со години ископувани на територијата на Куманово и пошироката територија, тоа се предмети од пред 7000 години, предмети до историскиот дел во завршетокот на Втората светска војна, како и етнолошка поставка каде може да се видат делови од селката, градска куќа, одблека од одреден период од опстојувањето на Куманово, многу стари етнолошки изложени предмети, предмети од архелогијата, жртвеници, предмети од коска направени за потреба на секојдневјето, најразлични видови на керамички садови во одреден период кои биле користени итн.

    Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно посетуваат музеи, со уживањето во уметноста и новите сознанија, тие се повеќе среќни и помалку осамени од другите.

    (Фросина Марковска)