Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот музеј со модната ревија „Модните трендови и културата на живеење од Ала франга до современа мода“, на 17 април ќе се претстави во Културно-информативниот центар во Софија.
Ревијата ја реализира Музеј Куманово, односно од вишиот кустос етнолог Анита Ѓорѓиевска, со поддршка од Министерството за култура.
На ревијата ќе биде прикажан дел од културното обележје на кумановската градска носија Ала франга, обележје на еден народ и културата на живеење во Куманово, како и современата мода преку креациите на модниот дизајнер Александар Рашковиќ, инспириран токму од модата Ала франга - вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.
Ревијата претходно беше прикажана во Куманово, Крива Паланка и Скопје.