×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Незаконски се продолжува притворот на мајка ми, вели ќерката на градежната инспекторка обвинета за поткуп

    04.02.2025 18:36 | Сузана Николиќ

    Семејството на градежната инспекторка која беше фатена со мито од 4.000 евра, денеска го обвини Кумановскиот суд дека го крши законот со продолжување на мерката притвор, откако не ѝ била прифатена гаранција во недвижен имот, за да таа биде пуштена во домашен притвор.

    Незаконски се продолжува притворот на мајка ми, вели ќерката на градежната инспекторка обвинета за поткуп

    Притворот на Л.Т.(60) од страна на судија на претходна постапка е одреден на 2 ноември мината година, поради можно влијание на сведоци и попречување на истрагата. Во меѓувреме истрагата завршила и подигнато е обвинение, а притворот ѝ е продолжен и потврден од Апелациониот суд во Скопје.

    „Судијата три пати незаконски го продолжува притворот и наместо мерката притвор да се користи како превентивна мерка, во овој случај се користи како казнена мерка. Сите наши жалби и молби се држат со денови и недели и се манипулира со времето иако се работи за притворски предмет за кој по закон треба да се одлучува итно. Веќе четврти месец се крши законот и се врши тортура над мојата мајка и нашето семејство. Дали ова е начин да се прикрие вмешаност можеби на некој од судиите и дали се плашат дека ќе изнесе некои информации ако биде пуштена во куќен притвор “, изјави Нена Трајковска, ќерка на обвинетата, која кажа дека мајка ѝ има сериозни здравствени проблеми, а во затворот нема услови за лекување.

    Од Основното јавно обвинителство во Куманово, велат дека мерката притвор во оваа фаза од постапка е целисходна заради обезбедување на присуство, бидејќи се работи за кривично дело со висока казна затвор, и ги отфрли обвинувањата дека има заговор против обвинетата.

    „Освен за овој случај во рамките на ОЈО Куманово се води уште една кривична постапка против обвинетата, за злоупотреба на службeна положба и овластување, а имаме отворено и предистражна постапка за други злоупотреби, каде евентуално можат да се јават други оштетeни“, кажа обвинителот Зоран Марковски.

    Во Основниот суд во Куманово на 12 февруари е закажано второто рочиште, откако првото беше одложено поради зафатеност и болест на бранителите на обвинетата.

    Министерството за внатрешни денеска поднесе нова кривична пријава за градежната инспекторка од Куманово која лани во ноември беше фатена како прима поткуп од 4.000 евра.

    „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т. (60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавената, градежен инспектор во Општина Куманово, извршила инспекциски надзор на објект во Куманово и констатирала бесправна градба, за чие отстранување наместо да го задолжи правното лице, донела заклучок отстранувањето да го изврши Општина Куманово, со што го оштетила буџетот на Општина Куманово за износ од 498.503 денари“, соопшти МВР.

    Инспекторка беше уапсена на 1 ноември во ресторан во Куманово, додека прима поткуп од 4.000 евра. Како што соопштија тогаш од МВР, на 25 септември 2024 година граѓанин пријавил во СВР Куманово дека овластениот градежен инспектор Л. Т. при Општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд, му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра.