Кумановскиот театар ја подготвува “Зад кулисите“
06.06.2015 09:50
| KumanovoNews
Актерите од Кумановскиот театар ја подготвуваат претставата “Зад кулисите“ работена по текст на Мајкл Фрејн, а во режија на Билјана Радиноска.
Премиерата на претставата ќе биде на почетокот на месец јули. Во претставата играат: Кети Дончевска Илиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска, Јасмина Василева, Горан Илиќ, Александра Пешевска, Мартин Лазаревски, Нина Максимова и Антонио Пешевски.