×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските гимназијалци преку онлајн радио ќе се поврзат со своите врсници од европските земји

    27.04.2022 18:57 | Жаклина Цветковска

    Учениците од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово работат на идејата за креирање на интернационално онлајн радио, кое ќе ги поврзува врсниците од повеќе земји и ќе служи за размена на искуства и информации за проблемите и приоритетите на младите.

    Кумановските гимназијалци преку онлајн радио ќе се поврзат со своите врсници од европските земји

    Оваа активност е дел од проектот „Училишно on line радио”, кое СОУ „Гоце Делчев” од Куманово, го реализира заедно со училишта од Полска, како координатор на проектот, Турција, Португалија и Италија, во рамките на Програмата „Еразмус +”.

    Интернационално он лајн радио ќе се вика “Radioactive 5”, а за неговото функционирање се одржуваат повеќе работилници за снимање на поткасти, аудио записи, заштита на авторски права и copyright.

    Гимназијата „Гоце Делчев“ работи на тема која е поврзана со проблемите на младите, а деновиве во Куманово престојуваат наставници и ученици од наведените држави.