×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските градежници стигнаа дома

    01.03.2011 17:23 | KumanovoNews

     Македонските граѓани кои беа заробени во Бенгази, Либија утринава се вратија дома. Меѓу нив и 29 кумановци пристигнаа со автобус, откако 9 дена поминаа по либиските кампови чекајќи да бидат евакуирани од кризниот регион.

    Кумановските градежници стигнаа дома

    Градежните работници, Миле Стефановски(57), Јоцко Крстевски(38) и Петар Трајковски (60) од населбата Иго Тричковиќ сеуште не можат да се соземат од стресот што го преживејале, но велат дека се среќни што повторно се со своите семејства, и ја раскажуваат голготата низ која поминале.

    Најтешко ни беше првите два дена кога почнаа судирите. Тогаш низ градот имаше пукотници и не се знаеше кој против кого војува. Во тој период се појавија и вооружени улични банди, кои напаѓаа странци и ограбуваа објекти. Нашите бараки беа покрај една касарна, се плашевме да не ја бомбардираат војската, па да настрадаме и ние - вели најмладиот Јоцко Крстевски.

    Градот Бенгази, брзо потоа подпаднал под цивилната власт и Македонците немале никави проблеми со тамошното население,кое им помагало да обезбедат храна. Немало улични судири, но стравувале од гласините дека војската на Гадафи ќе го бомбардира градот. Тие биле во постојано врска со вработени во МНР, кои ги известувале до каде се преговорите со странските амбасади за нивно извлекување, бидејќи евакуацијата ја диктирале условите на терен. Кумановците се посебно задоволни од третманот на турските власти, кои им дале посебни места на бродот и заштитнички се однесувале кон нив. На пристаништето Мармарис биле пречекале од Македонскиот конзулат,од каде обезбедиле без проблем низ Бугарија да поминат и оние работници што немаат биометриски пасоши.

    На 21 февруари, започна нашето патешествије. Од цивилната заштита прво не извлекоа со камиони од бараките каде што живеевме, со цел да не префрлат на аеродром. Бидејќи сметаа дека не е безбедно не сместија во приватни куќи, а кратко потоа не однесоа во стадион, каде останавме една ноќ. Наредното попладне не префрлија во турски бараки во близина на пристаништето. Таму останавме 4 дена и баравме помош од руската, украинската, српската и турска амбасада. По интервенција на нашата држава, не прифатија Турците. Во четврток вечер се качивме на брод, но останавме два дена во пристаниште, поради невремето не можеше да исплови. Дури во сабота околу 9 часот тргнавме, и вчера пристигнавме во Марамрис, а потоа со автобус до Истамбул и навака до Куманово.Само на Турците треба да им заблагодариме што се вративме живи и здрави- раскажува  Трајковски.

    Групата од 29 кумановци во Либија заминале на печалба затоа што со години се без работа или технолошки вишок од некогашните македонски градежни гиганти.Тие посочуваат дека македонските градежни работници многу често се изманипулирани во странство. Приватни посредници ги лажат дека ќе им обезбедат работа, а таму ги предаваат на луѓе кои им ги земаат документите и ги уценуваат да работата без пари. Такви случаи, покрај во Либија имало и во Русија и Чешка.

    Во јули минатат година извесен Џемил од Скопје ни извади виза за три месеци престој во Либија,ветуваше дека таму не чека легална работа. Кога стигнавме во Бенгази, предприемачот не предаде на еден Арап и исчезна. Новиот газда ни ги зеде пасошите и не остави без работа дваипол месеци. Бевме препуштени сами да се снаоѓаме. Спиевме на отворено и во една соба по 30 луѓе на душеци на под, а немавме пари ниту документи да се вратиме.Ни даваа храна толку, колку да преживееме, главно варени макарони и ориз. Дури во септември ни најде работа на изградба на стамбени објекти во една нова населба. Меѓутоа не ни плаќаше редовно, и за осум месеци зедов само 4 плати, а ми остана должен 2200 долари за двата последни месеци. Кога почна да се пука дојде да ни ги врати пасошите, но ни рече дека неможе да не исплати затоа што банките не работат -раскажува  Крстевски, кој таму бил бригадир на групата.

    И покрај тоа што газдата од Либија ветил дека ќе се раздолжат кога ќе се среди состојбата во неговата земја, тој се сомнева, бидејќи немаат никаков договор со работодавачот. Затоа апелираат до македонските власти да преземат нешто да ја запрат ваквата појава, и да ги заштита своите граѓани.