Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-НП потврдија дека нивните членови се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Централниот комитет.
ВМРО-НП се враќа во својата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, објави денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-Народна партија Марјан Додовски.
Заедно со него, како што рече, во ВМРО-ДПМНЕ се враќа најголем дел од членството - генералниот секретар, поголем број членови на Централниот комитет, голем дел од членовите на општинските комитети и речиси сите претседатели на општинските комитети.
И од општинскиот комитет на ВМРО-НП потврдија дека кумановските народњаци се приклучуваат кон одлуката на централниот комитет.
За понатамошните активности на огранокот и партијата дополнително ќе биде известена јавноста- кратко прокоментира претседателката Елизабета Симоновска.
Генералниот секретар на ВМРО-НП Миле Јакимовски, кој е советник во Советот на Општината Куманово е на пат во Ирска со градоначалникот Зоран Дамјановски и од него не можевме да добиеме мислење. По најновиот развој на настаните како ќе се одвиваат натамошните односи и што ќе стане со коалицијата на ВМРО-НП и СДСМ на локално ниво останува да се види.
Една од причините за враќање на ВМРО-НП во ВМРО-ДПМНЕ е и незадоволството од најавата на Љупчо Георгиевски да коалицира со СДСМ.