Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесетина членови на Здружение на пчелари “Пчела„ вчера посетија пчеларник во Гостивар каде присуствуваа на предавање за современо одгледување на пчелите.
Бевме во посета на пчеларникот на Перо Дабески, магистерот по биологија, кој е еден од најдобрите пчелари во земјава. Предавањето траеше три часа и ние сме презадоволни. Зборувавме за одгледување на матици, нуклеуси, роеви, прехрана на пчели, лечење и друго. Ние поставувавме прашања за се што не интересира и научивме нови работи - вели Бранко Тасевски, претседател на “Пчела“.
Кумановските пчелари секоја година реализираат по две посети на пчеларници, а наесен планираат да посетат пчеларник во радовишко.