×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kумановските пожарникари добија нови униформи за гаснење на пожар на отворено

    07.09.2020 12:55 | KumanovoNews

    Кумановските пожарникари со нови летни униформи денеска го одбележаа националниот празник „8 Септември“. Општина Куманово од сопствен буџет обезбеди средства за купување на 33 нови униформи или комплети за гаснење на пожар на отворен простор.

    Kумановските пожарникари добија нови униформи за гаснење на пожар на отворено

    Градоначалникот Максим Димитриевски, на денешната смотра на пожарникарите најави дека општината ќе продолжи да ја доопремува оваа единица.

    „Станува збор за вкупно 33 униформи или комплети за гасење на пожар на отворен простор со што ја доопремивме нашата Противпожарна бригада и секако посакувам истата да ја користат што помалку, да имаат што помал број на интервенции. Оваа опрема чини некаде околу 1 милион и 300 илјади денари, а беше издвоена со одлука на Советот на Општина Куманово. Ние ќе продолжиме да ја опремуваме единицата, бидејќи гледате дека имаме наследено стара опрема, а Куманово заслужува многу повеќе од тоа“, рече градоначалникот.

    Тој додаде и дека нивната тенденција и да обезбедуваат услови противпожарната единица да биде максимално заштитена, а општината да добие сериозни противпожарни екипи како што се во западните земји.

    Командирот на противпожарната единица Деан Илиевски, изрази надеж дека и понатаму ќе се продолжи со средства за доекипирање и доопремнување на единицата, но посочи дека тука ќе мора да интервенира и државата.  

    „Се надевам ќе продолжиме, како што рече градоначалникот, со средства за доекипирање на и доопремување на Територијална противпожарна единица во Куманово, со цел да бидеме подобро подготвени да одговориме на сите предизвици во нашата општина. Минатата година добивме ново теренско возило, се надевам ќе продолжиме со тој тек на набавка на нова опрема, на нови возила, но за сето тоа ќе ни треба помош и од државата. Знаеме дека возниот парк ни е наследен и од поодминати години. Но, сега за сега имаме фунцкионални возила и опремени пожарникари, се надевам дека ќе бидеме на ниво да одговориме на сите поставени задачи “, додаде Илиевски.

    Смотрата оваа година се одржа според протоколите за заштита од коронавирус, со држење на растојание и носење на заштитни маски.

    Територијалната противпожарна екипа, во однос на интервенциите за гаснење на пожар оваа година бележи намалување во споредба со претходната, поради временските услови, а и поради тоа што луѓето подолг период беа во своите демови, поради коронависурот.

    Минатата година противпожарната единица беша опремена и со зимска опрема, во вредност од 3 милиони денари, исто така со средства одделени од буџетот на Општина Куманово.

    (Ф.Марковска)