×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските средношколци полагаат државна матура

    11.06.2015 09:17 | KumanovoNews

    Во средните училишта во Куманово денеска се полага државна матура.

    Кумановските средношколци полагаат државна матура

    Полагањето мајчин јазик започна во 10 часот, и се се одвива во најдобар ред. Во Гимназијата “Гоце Делчев“ државна матура полагаат 295 ученици.

    “Почнавме навреме, се е подготвено, материјалите се поделени и се надеваме дека ќе заврши се како што треба“ - вели Горан Димитријевиќ, директор во “Гоце Делчев“.

    Од “Перо Наков“ велат дека денеска кај нив полагаат 120 ученици од македонски, и исто толку од албански наставен јазик.

    “Се е во ред. Тестовите се навреме доставени, почнавме навреме со полагањето, тестаторите се тука“ - вели Лидија Тасевска, директорка на “Перо Наков“.

    Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ државна матура полагаат 17 ученици , а во Техничкото “Наце Буѓони“ полагаат 114 на македонски и 215 на албански јазик.

    Од денеска до 19 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015 година. На 15 јуни ќе се полага странски јазик, а на 17 јуни ќе се полага математика.