Кумановското кино го посетиле 1400 граѓани
Киното “Козјак“ лани го посетиле 1449 посетители, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во текот на 2014 година во ова кино се прикажани 4 странски филмови и 9 странски кинопретстави.
Се работи главно за претстави кои ги посетуваат уцениците, а добра посетенот имаше и на Фестивалот на германскиот филм, -велат од кино Козјак.
Поголема посетеност од кино “Козјак“ имале битолското, прилепското, скопските кина, охридското и светиниколското кино, а послаба посетеност имале кината во помалите градови како Струмица, Кочани, Струга, Крива Паланка и Гевгелија.
На ниво на држава споредено со 2013 година, во 2014 година бројот на посетители е намален за 2.3 отсто.