Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Г.Д. (44) од Куманово измамил делчевец и кумановец купувајќи од нив возила кои не ги исплатил.
Тој во 2011 и во 2012 година со лажно прикажување на факти измамил делчевец и кумановец со кои склучил договори за купопродажба за две патнички возила. Измамникот ветил дека парите ќе ги исплаќа на рати, но по извесен период престанал со исплата.
На овој начин пријавениот ги оштетил лицата за износ од 375.847 денари.
Против Г.Д е поднесена кривична пријава за сторени две дела“измама“.