×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Квалитет-пром ја презеде ФЗЦ

    20.06.2015 07:39 | KumanovoNews

    Квалитет-пром е новиот сопственик на Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„.

    Квалитет-пром ја презеде ФЗЦ

     Компанијата купила 56.69 проценти или 262.267 обични акции од вкупно 90 сопственици на обични акции со право на глас во ФЗЦ „11 Октомври“ АД Куманово.

    Најмалата количина на обичните акции што требаше да бидат откупени за понудата да биде успешна е 234.158 акции, односно 50,62 проценти од вкупниот број на обични акции. Со надминување на овој праг, понудата за преземање е успешна. Преземањето на хартиите од вредност се врши по цена од 550,00 денари по акција, стои во соопштението од КХВ.

     ФЗЦ е гигант во производство на заварени цевки и профили на Балканот. Неколку години наназад се соочува со финасиски проблеми, па вработените и акционерите штрајкуваа, барајќи смена на актуелнтото раководство и исплата на заостанатите десетина плати и придонеси. Со доаѓањето на стратешкиот партнер се надеваат дека фабриката ќе се врати на некогашните пазари и успешно ќе стопанисува.