×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Лајонс клубот“ обезбеди помош за 4 семејства

    24.06.2015 11:26 | KumanovoNews

     По 8.000 денари вчера добија четири кумановски семејста, од Лајонс клубот. Средствата се собрани на манифестацијата „Чваркаријада“, која е само една од повеќето активности кои ги организираат членовите на ова здружение за помош на ранливите категории на граѓани.

    “Лајонс клубот“ обезбеди помош за 4 семејства

    Трогнати од вниманието во ова тешко време, членовите на семејствата кои ја примија помошта не го криеа своето задоволство и радост.

    “ Донацијата е за семејства кои се одредени од Центарот за социјални работи, како најзагрозени и ќе се состои од ваучери. Практично 4 семејства ќе добијат по 8.000 денари, да  можат да пазарат стоки за широка потрошувачка за домашни потреби“ - изјави Гоце Серафимовски од “Лајонс клуб“ Куманово.

    Граѓаните кои добија хуманитарна помош се заблагодарија и велат дека ова ќе им го олесни живеењето.

    “Замислував дека тоа ќе бидат 500 или 1000 денари, но ова се многу  пари за мене. Прво ќе се договорам со моите деца што да купиме, но сепат коа ќе биде нешто што ни е нејнеоходно„ - рече Даниела Бошковиќ, од семјството кое доби помош.

    “Лајонс клуб“ зад себе има многу реализирани хуманитарни акции и се настојува помошта да биде во вид на стока или производи кои им се потребни на граѓаните.