Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на Општа болница Куманово, Ариф Латифи ги отфрла обвинувањата на СДСМ дека во болницата нема греење, и тврди дека секој ден по неколу часа го вклучуваат системот за затоплување, а поради дефект на котларницата не пуштиле само денска.
Тој тврди дека во тек е поправка на термостатот и греењето ќе се нормализира до вечер.
Имаше еден мал дефект денеска на термостат на котларата. Сервисерите се во Здравствен дом, ќе завршат и ќе дојдат кај мене. Требаше порано да дојдат, но уште не завршиле работа таму. Беше топло времето и затоа не пуштавме греење порано. Веќе неколку дена пуштаме по неколку часа дневно. Нашата болница работи одлично. Никогаш порано нашите граѓани немале таква услуга. На гинеколошко одделение имаме ехо апарати три кои функционираат добро - изјави директорот.
За тврдењата дека нема доволен број на кебиња објасни дека секоја година постелнината се обновува, а за набавка на нови 200 кебиња и чаршафи ќе бидат потрошени 1.600.000 денари.
Латифи објасни дека кога дошол на функцијата директор болницата ја затекнал во лоша состојба, а сега екипираноста на лекарите е подобрена и опремата е модернизирана.
Тогаш се правеле само 40 операции на очното одделение годишно, а сега исто толку се прават за месец. Никогаш порано болницата немала компјутерска томографија, а нашето гинеколошко одделение е меѓу анјдобрите и годишно имаме по 1800 раѓања, додава директорот.