Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Не e точно дека гори шумата околу манастирот Матејче, како што беше објавено на социјалните мрежи, пожарот е во атарот на селото Виштица и е далеку од манастирскиот комплекс“, изјави командирот на противпожарната единица во Куманово, Деан Илиевски.
Пожарот е од вчера, Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала синоќа до 22 часот, а сабајлево пожарот е повторно активиран. Најверојатно, човечки фактор е причина за избувнување на пожарот.
„Гори сува трева и деградирана, ниска шума. Интервенира едно противпожарно возило и екипа од 3 пожарникари од страна на Виштица, додека од другата страна работат екипи на Шумско стопанство. Ставен е под контрола, очекуваме дека набргу ќе биде целосно изгаснат“, појасни Илиевски.