Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Момчило Трајковски, кандидат за пратеник на ЛДЛ од Старо Нагоричане во изборната единица два денеска на прес конференција зборуваше за решенијата за проблемите на земјоделците во програмата „Има излез„.
Бидејќи доаѓам од општина во која најголем дел од населението се занимава и живее од земјоделство, како иден пратеник ќе ги застапувам исклучиво интересите на земјоделците.Конкретно ќе се залагам за субвенционирање на земјоделецот и правилна распределба на обработливото земјиште. Субвенционирањето е корисно само ако правилно се распредели во сите гранки на земјоделието. Меѓутоа кај нас што се случува? Владата на ВМРО-ДПМНЕ субвенциите ги дели по партиски клуч на луѓе и фирми блиски на власта, а воопшто не стигнуваат до вистинските земјоделски производители-рече Трајковски.
Тој тврди дека иста е состојбата и со распределбата на државното земјиштето, кое се дава на луѓе и фирми од власта, кои прават бизнис и земаат субвенции, а земјиштето го рентаат и даваат под закуп на вистинските земјоделци.