Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на ЛДП денеска на прес конференција најави два значајни настани што ќе се организираат овој месец.
-На 19 ќе прославиме 13 години од постоењето на ЛДП. По тој повод заедно со младите од ЛИДЕМ ќе организираме повеќе активности, меѓу кои ќе биде еколошка акција со симболично засадување на 13 дрвца, крводарителска акција и посета на повеќе институции каде се сместени стари или хендикепирани лица. На 23 април ќе го организираме Петото редовно собрание на ЛИДЕМ - рече претседателот Драган Јаневиќ.
Општинскиот одбор на ЛДП изготви стратешки план 2010 до 2014 во кој се дадени насоките за понатамошното дејствување на огранокот.
-Ова е многу значен партиски правен документ каде е дадена партиската визија. Акцент е ставен на 4 приоритети и тоа: решавање на внатрешните проблеми, зајакнување на медиумската кампања, теренско организирање и финснсиска консолидација- објасни Зоран Павловски.
Младите на ЛДП активно ќе се вклучат во сите активности на ошштинската организација, преку организирање на спортски активности и забави за младите.