×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лекарите бараат повисоки плати за сите здравствени работници

    04.12.2012 10:57 | KumanovoNews

     Откако минатата недела се прошири информација дека платите на медицинските сестри ќе се намалат за сметка на лекарите, тие велат дека се работи за шпекулација и тврдат дека нивното барање за зголемување на платите се однесува на целокупниот медицински персонал.

    Лекарите бараат повисоки плати за сите здравствени работници

    Имаше изјава дека 15 бода ќе им се намалат на медицинските сестри. Ние на такво нешто не сме спремни, ниту такво нешто бараме. Намерата е со таа дезинформација да се создаде револт меѓу медицинските работници. Адекватно со колективните договори бараме зголемување на платите на сите здравствени работници. Пациентите да не се третираат како бројки, како предмети, бидејќи сите ние сме потенцијални пациенти. Се случува 23 часа да бидеме на работа, но дали тој труд и стрес некој го вреднува? Бараме да бидеме изедначени со другите кадри кои вршат јавна фунција, а земаат плата од 1000 евра. Ако нема пари во државата нека се намалат нивните примања и ќе бидеме еднакви - вели Билјана Анастасовска, претседател на штрајкувачки одбор.

    Таа додава дека 17 граѓански здруженија досега го поддржале штрајкот на лекарите.