Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска е на сила времениот режим на сообраќај во летниот период, кој ќе важи до крајот на август за државните патишта во Република Македонија.
Се забранува движење на камиони чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на викендите и за денови при екстремно високи температури, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Измената во временските интервали е следната: петок од 17-22 часот, сабота од 9-18 часот и недела од 9-22 часот. Оваа забрана се однесува за период од 1 јули до 31 август секоја тековна година.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи од понеделник до четврток од 11 до 17 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила, кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.