×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Левица изнесува невистини за трошењето на прехранбени продукти и пијалоци во Општината, тврди Димитриевски

    06.04.2022 18:37 | Жаклина Цветковска

    Градоначалникот Максим Димитриевски и Општина Куманово ги отфрлаат како невистинити и неиздржани тврдењата на партијата Левица, според кои општината за 3 години потрошила близу 2 милиони денари за алкохол, кафе, апетисани и чоколадни бонбони.

    Левица изнесува невистини за трошењето на прехранбени продукти и пијалоци во Општината, тврди Димитриевски

    Оттаму велат дека партијата Левица во ниту еден момент се нема обратено до ниту еден сектор при Општина Куманово, со цел да побара податоци и да добие соодветни и точни одговори на прашањата за кои имаат интерес.

    „Одговорно тврдам дека се работи за неточни и невистинити податоци, кои се однесуваат на барани количини при распишување на тендерска постапка за потребите на Општина Куманово, за набавка на прехранбени продукти и пијалоци. Овие количини се објавени и достапни на сајтот на Биро за јавни набавки за претходните три години. Се работи за рамковни барани податоци во тендерската спецификација, а не како што е објавено дека тоа се потрошени количини од страна на Општина Куманово“, стои во демантот на Димитриевски.

    Во него се наведува дека по склучување на договорите Општина Куманово ги нема искористено во целост количините на производите, кои се наведени во објавените податоци. Единствен производ, кој е максимално искористен од потпишаните договори е набавката на вода, која општината ја користи за сопствени потреби, за потребите на Советот на Општината, за сите манифестации чиј покровител е локалната самоуправа, како и за спроведување на процесот на вакцинација на населението во текот на 2021 година, со цел максимално почитување на
    протоколите за заштита од корона вирусот.

    „Што се однесува до другите производи, не се зема количината која е распишана, туку се земаат сукцесивно оние производи за кои има потреба општината. Договорите се потпишани со важност од 1 година, а не до вредносно искористување на договорот, што значи дека голем дел од производите Општина Куманово не ги набавила“ наведува Димитриевски.

    И во однос на податоците за алкохол, кафе и шеќер, посочува дека тие воопшто не се точни, ниту како бројка, ниту како количина.

    „Неточно е дека се набавени и потрошени 395 литри алкохол. Од искористените количини најголем дел е вино, кое се користи како репрезентативен материјал при работни посети на делегации и гости на Општина Куманово. Истото важи и за податоците за кафе и шеќер, бидејќи при презентирање на податоците се помешани мерните единици за количините“, посочува Димитриевски.

    Тој вели дека Општина Куманово останува транспарентна, отчетна и посветена институција, која е отворена за сите граѓани, без разлика на националната или политичка припадност и дека работи во интерес на сите граѓани за решавање на проблемите и добивање на одговори од сите општествени сфери.