Мени

Личните карти ќе важат и по 12 февруари, велат од МВР

17.01.2024 11:56 | KumanovoNews

Граѓаните кои имаат лични карти на кои рокот се уште не им е истечен ќе можат да ги користат истите и по 12 февруари 2024 година.

Личните карти ќе важат и по 12 февруари, велат од МВР

МВР посочува дека Законот за лични карти не е изменет.

„За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека личните карти со називот на државата „Република Македонија“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат да важат и по 12 февруари 2024 година“ соопштуваат од МВР.

Теодора Стоевска