Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓани кои сè уште не ги смениле личните карти со името Република Македонија во новото уставно име Република Северна Македонија, уште можат да ги користат до важечкиот датум на документот, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Со личните карти ќе може и да се напушти државата во оние земји со кои имаме билатерални договори, а исто така и ќе може да се влезе во Македонија.
Засега, задолжително е пасошите и возачките дозволи да се со уставното име, со тоа што Тошковски апелира до полицијата да не се казнуваат возачите туку во овој период само да се опоменуваат.
„Личните карти важат согласно важечки втиснат датум во нив. Значи, истите нема потреба да се менуваат доколку има рок на важење на личната карта кој што е ефективен. За личните карти не важи правилото кое што важи за возачките дозволи и за пасошите. А во однос на возачките дозволи, упатувам апел до сите полициски службеници да ги применат законските одредби кои што се однесуваат на опомена и укажување на сите оние кои што, да речеме еве во овој адаптибилен период, сè уште ќе бидат затекнати со возачко дозвола која што има важност во делот на рокот, но не е согласно одредбите од законот. Предметна лична карта која што во моментов е важечка може да стане неупотреблива само доколку тоа го констатира државата согласно закон или друг акт. Таков акт Македонија нема моментално“, изјави министерот Тошковски на отворењето на нова канцеларија на Управната служба на МВР во Желино.