×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛИДЕМ бара вајфај зони

    07.04.2010 13:36 | KumanovoNews

     Младите од ЛДП предлагаат на неколку локации во градот да се постави бесплатен интернет за потребите на граѓаните.

    ЛИДЕМ бара вајфај зони

     Советникот Драган Митевски на една од наредните седници на Советот ќе достави предлог за воведување на вајфај зони, односно слободен пристап до интернет на неколку локации низ градот. Потегот Кисела вода, Соколанскиот парк и двата градски плоштада ги сметаме за приоритетни за воведување на зони во кои нашите сограѓани ќе имаат слободен пристап до интернет - вели Александар Краљевски, претседател на ЛИДЕМ.

     Тој смета дека вајфај зоните се неизбежен дел од секоја урбана средина и Куманово со тоа ќе биде урбан и модерен европски град, а општината има средства и капацитет самата да го реализира. ЛИДЕМ најавува дека преку своето политичко дејствување, ќе придонесе за квалитетно живеење во градот и преку вистинските вредности на либерално-демократските идеи.