×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лидија Трајковска е нов раководител на Сектор за инспекциски надзор во Куманово

    19.02.2024 14:13 | Оливера Пешевска

    Лидија Трајковска, дипломиран архитект, е назначена за раководител на Секторот за инспекциски надзор на Општина Куманово. Трајковска има 16 годишно искуство како општински инспектор и повеќе од 33 години работен стаж во професијата. 

    Лидија Трајковска е нов раководител на Сектор за инспекциски надзор во Куманово

    „Во мојата 16 годишна работа како инспектор имам позитивно искуство со граѓаните, и натаму ќе продолжам со истиот начин на работа, со разговор да изнајдеме решение и да одговориме на нивните барања. Како сектор секогаш ќе бидеме тука за се што е потребно во делокругот на нашето работење. Нашата служби е во интерес на граѓаните, да ги решаваме проблемите кои се појавуваат и да ги подобриме условите за живот во градот. Немаме намера да казнуваме, секогаш одиме првин советодавно, да ги информираме странките за тоа што се наши надлежности и обврски, но какви права и одговорност имаат и граѓаните“,  истакнува Трајковска.

    Таа уште нема прецизни согледувања дали ќе биде потрена доекипираност на инспекциските служби, но ако се појави потреба ќе достави барање за ангажирање на нов, млад стручен кадар.

    Трајковска 18 години работела како проектант во „Козјак“, ги има сите потребни лиценци од областа на градежништвото и тоа „А“ категорија за проектирање, за ревизија и за надзор. Во урбанистичко-градежната дејност има најголемо искуство. Но, како 16 годишен инспектор извршувала должност како урбанистички, градежен и комунален инспектор.

    Секторот за инспекциски надзор во изминатите 5 години немаше раководител на сектор, па до минатата година таа должност со овластување ја извршуваше раководителот на Одделението за инспекциски надзор, Бобан Бојковски.