Линеарно зголемување на пензиите за 1.000 денари од 1 октомври
Септемвриската пензија ќе биде зголемена за 1.000 денари и ќе се исплаќа од следната недела.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека есенско зголемување на пензиите ќе започе од 1 октомври, а второто ќе биде на пролет.
„Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. А потоа и ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 кои што ги зборувавме за време на кампањата.“
Ова е трето покачување на пензиите во последната година. Во септември лани тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ пензиите се зголемија и во март годинава.