×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липковските акумулации празни

    20.03.2014 16:33 | KumanovoNews

    Акумулационите езера Липково и Глажња, од кои Куманово се снабдува со вода за пиење, се речиси празни.

    Липковските акумулации празни

    Во двете брани има 7,4 милиони метри кубни вода од вкупно 25 милиони колку е капацитетот на езерата. Од моменталните количини употребливи се само 2,4 милиони кубици вода, додека останатите 5 милиони не можат да се користат заради задолжителната резерва на дното на езерата.

    Имаме само 10 одсто корисна количина вода од вкупниот капацитет на браните. Толку мала количина на вода не сме имале откако постои системот. Лани ова време имаше над 12 милиони метри кубни вода, а предходните години водата се прелеваше од браните. Оваа година немаше снег и браните останаа празни. Дождот исто така изостана и ако не се подобри хидролошката состојба во пролетните месеци, Куманово ќе се најде во многу тешка состојба и летоска ќе остане без вода за пиење- вели Емрла Укшини, раководител на Секторот за експлоатација и одржување во Водостопанство Кумановско-Липковско поле.

    Од Водостопанство објаснуваат дека во периодот од 15 октомври до 15 март, количините на вода се зголемиле само за 1,4 милони кубни вода што е незапаметена состојба. Пресушиле природните извори во планината па полнењето на браните оди бавно, а потрошувачката се зголемува поради порастот на темпратурите.

    Претпријатието веќе преземало мерки за контролирана потрошувачка на водата. Направиле дополнителни проверки на системот за да не дојде до загуби, а ги известиле ЈП „Водовод„ и ресорните министерства.

    Со овие количини, годинава на 15 април нема да го пуштиме системот за наводнување. За нас приоритет е водоснабдувањето на градот, па индустријата, па потоа земјоделството. Уште пред еден месец донесовме одлука екипите да вршат дополнителни контороли на сите изливни места со единствена цел да се соочува водата прво за пиење - додаваат од Водостопанство.

    Од ЈП „Водовод„ велат дека по потреба ќе ги стават во функција и алтернативните извори, но дека тоа нема многу да помогне.

    Затоа апелираме до граѓаните рационално да ја трошат водата за да не воведуваме рестрикции за правилно распоредување на водата, - изјави директоторт Горан Стојковски.