Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На листата за пратеници на СДСМ и коалиционите партнери во втората изборна единица се наоѓаат пет кандидати од Кумановскиот регион.
Покрај Оливер Спасовски, Снежана Захариева и Мартин Костовски од кумановското СДСМ, на листата е и претседателката на општинската организација во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска, како и претседателката на НСДП Сунчица Јосифова. Од познатите имиња во политиката се Горан Минчев и коалиционите партнери на СДСМ Самка Ибраимовски и Драгиша Милетиќ.
Носителка на листата е потпредседателата на СДСМ Ана Павлова Данева, а редоследно местата се поделени вака: 2.Оливер Спасовски, 3.Горан Минчев, 4. Соња Мираковска НСДП, 5. Благоја Стојановски, 6.Самка Ибраимоски ПЦЕР, 7.Драгиша Милетиќ СНС, 8.Снежана Захариева, 9.Кире Бузлиев ЛП, 10.Кире Гештаковски ПСД, 11.Мартин Костовски, 12.Цанка Мичовска Чолаковска, 13. Милица Бубало, 14.Сибел Ќафил ПДТ, 15.Сергеј Гегај ГЛП, 16.Сунчица Јосифова НСДП, 17. нема име на кандидат од ПП, 18.Жаклина Јовановска СДСМ Старо Нагоричане, 19.Николинка Нолевска и 20. Џеват Чучуљ ПЕИ.