Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на Гимназија “Гоце Делчев“, Љубиша Николиќ е избран за претседател на работно тело за заштита на животна средина во рамки на СДСМ.
Ќе се направи цела екипа која ќе ги анализира тековните состојби во Република Македонија на оваа тема и ќе дава предлог - решенија доколку некаде не се постапува како што треба. Првпат сум на чело на едно вакво тело и деталите за работа дополнително ќе ги прецизираме - вели Николиќ.
Во ова тело ќе влезат членови од повеќе градови или региони од земјава.