×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Љубодраг доби фудбалско игралиште

    28.09.2012 11:37 | KumanovoNews

     Во селото Љубодраг денеска  беше пуштено во употреба ново фудбалско игралиште.

    Љубодраг доби фудбалско игралиште

     Наскоро игралиштето ќе добие и спортска опрема и ќе биде осветлено. Овој спортски терен ќе го користат децата од ОУ“Карпош“ во село Љубодраг и месното население. Лентата ја пресече првиот човек на Општината градоначалникот Зоран Дамјановски.

     Направивме повеќе од десет игралишта, направивме три спортски сали, направивме атлетски полигон, завршува најголемиот објект, затворениот и отворен базен и се она за кое Куманово имаше потреба со децении. Овој проект е дел од таа агенда. Ви посакувам дружба, рекреација, а се надевам дека ќе никнат големи таленти и големи имиња кои ќе излезат од овде како што имаше познати фудбалски имиња од овој дел - изјави Дамјановски.

    Градоначалникот вели дека во последниве три години се вложува многу во спортот, во врвните клубови и во градење на рекреативни терени. Директорот на ОУ“Карпош“, Владимир Јовановиќ објаснува дека во ова село миграцијата е запрена.

    Оваа година имаме 14 првачиња, а лани имаше 20. Варира таа бројка. Одделенските наставници кои се овде, бидејќи има настава до петто одделение, ќе го користат на часови по физичко игралиштето. Месното население за турнири оди во соседното село Уминдол. Сега нема да има потреба од такво нешто. Ова село има 700 куќи - додава Јовановиќ.

    За изградба на фудбалското игралиште досега општината инвестираше 1,3 милиони денари.