×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гори сува трева покрај патот за Пчиња, локализиран пожарот на депонијата „Краста“

    15.07.2025 15:55 | KumanovoNews

    Пожарот на депонијата  Краста е локализиран, но гори сува трева од двете страни на патот кон селото Пчиња. 

    Гори сува трева покрај патот за Пчиња, локализиран пожарот на депонијата „Краста“

    „ Како настанал пожарот дополнително ќе се утврди, претпоставувам дека е од самата депонија, но постои можност дека е запалена сува трева во подножјето на депонијата.  Благодарение на навремената интервенција и координација помеѓу механизацијата на ЈП „Чистота и зеленило“ и Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот е успешно локализиран во рамки на самата депонија“, вели директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски.

    Од Територијалната противпожарна единица Куманово велат дека силниот ветер прво пожарот го разгорел од левата страна на патот кон каменоломот, а потоа и на десната страна. На терен се нивни екипи и го гаснат огнот за да не се прошири кон селото Пчиња.