Локалниот пат Доброшане - Шупли Камен ќе добие асфалт
        05.03.2015 11:28
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Штом ќе се подобрат временските услови ќе се асфалтира патот Доброшане - Шупли Камен, информираат од Јавното претпријатије за државни патишта на Република Македонија.
 
                  Изградбата ќе се реализира со пари од Светска банка и Европска банка за обнова и развој. Овие средства Владата ги доби како заем за подобрување на локалната патна инфраструктура.
На ниво на Македонија ќе се градат 46 локални патишта.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




