Локалните патишта во општината проодни
Во Општина Куманово, поголем дел од локалните патни правци кон селата Четирце, Табановце, Сопот, Карабичане, Скачковце, Новосељане, Косматец, Мургаш, Кшање, Пезово, Довезенце, Јачинце и Бељаковце се исчистени, а во текот на денот се работи на нивно дорасчистување.

Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, се расчистува и патот кон селата Градиште и Кучкарево.
Во Општината Липково сеуште непрооден е патниот правец кон селата Руница и Алашевце.
Во Општината Старо Нагоричане непроодни се патните правци кон селата: Малотино (3 км); Мглинце (4 км); Буковљане (4 км); Арбанашко – Длабочица (7,5 км); Бајловце – Аљинце (6 км); Бајловце – Жегљане (5 км; и Орах – Дренак (14 км). Овие патни правци ќе се чистат во текот на денешниот ден.