Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Католички свештеник во пенизија, кој пред 4,5 месеци во Куманово го прекина своето патување за Ерусалим, затоа што магарето му остана без храна, викендов го продолжи патот за Израел.
Лулу Конверсе (75) од Безонсон, Франција и неговото магаре Исидор, кое презими во комплексот Етно-село, тргнаа пешки на долг пат за Ерусалим и да се поклонат на гробот на Исус Христос.
Не чека пат од 2.000 километри, но една третина ќе поминеме со брод од Грција до Израел. Планирам да стигнеме до 15 јуни. Во Израел е забрането да се внесува добиток, ќе се обидам да добијам дозвола, но ако не успеам, таму ќе купам друго магаре и ќе го продолжам патот, а моите пријатели ќе го вратат Исидор во Србија. - вели Лулу.
Конверсе, со својата необична мисија сака да го изрази незадоволство од нуклеарното вооружување во светот и да го сврти вниманието за заштита на сиромашните и гладни деца. Патешествието од Франција го започнал на 25 март лани и поминал околу 3000 километри низ Германија, Швајцарија, Австрија, Словачка, Унгарија и Србија, за да стигне во Витлием на 25 декемви на денот на Христовото раѓање за католички Божиќ. Патувањето мораше да го прекине во ноември, кога Исидор се соочи со недостаток на храна. Тогаш магарето го сместија во Етно село, а Лулу замина кај негови пријатели во Србија за да сочека да дојде пролет.
Никогаш нема да го заборавам тој момент кога стигнавме во Македонија и Исидор остана без храна, а јас бев многу загрижен затоа што луѓето не ме разбираа што зборувам. Тогаш ми помогнаа луѓе од селото Алгуња, кои обезбедиа храна за магарето. Ми се најдоа како да сум дел од нивното семејство, а истото се случи и во населбата Карпош во Куманово, каде се засолнивме, па се до Етно село каде го сместивме Исидор. Македонците ме прифатија со многу топлина. Ако животот ми дозволи кога ќе ја завршам мисијата, би сакал повторно да дојдам тука- вели Лулу.
Тој во Куманово пристигна со негови пријатели од Франција, и ги посетиле семејства кои му се нашле во тешките моменти. Сите биле изненадени што тој се вратил да ги види, а од гостопримството на нашите луѓе воодушевени се и неговите пријатели.
Ја сам стара Французинка имам 83 години и 23 години живеев надвор од Франција во повеќе различни земји на медитеранот, но благодарение на Лулу и неговото патување, се сретнав и открив еден народ и луѓе за кои не можев да замислам дека постојат. Тие имаат посебно однесување, гостопримство, топлина и човечноста. Тоа се луѓе кои знаат да зборуваат без зборови, чувствувам дека се разбираме без зборови- вели Никол Гардиер, архитект и сликарка од Париз.
Лулу низ Македонија ќе патува околу 15 дена, а потоа ќе замине во Грција. Од Куманово преку Велес ќе го следи текот на реката Вардар до Гевгелија. Ќе се движи по старите и локални патишта, за да не пречи во сообраќајот.
Духовитиот и ведар старец,кој никогаш не носи чорапи туку оди во сандали и во зима, вели дека средбата со Исидор по 4,5 месеци била посебна.
Кога ме виде беше многу лут.Како да сакаше да ме праша зошто го напуштив и оставив сам цела зима. Со очите ми велеше: „Мислев дека нема да те видам повеќе, а не го завршивем она што го започнавне„. Потоа ми го сврте грбот и не сакаше да ме гледа.- се шегува Лулу.
Тој вели дека Исидор многу му недостасувал и затоа често се јавувал на телефон да се распраша за неговото здравје. Среќен е што го оставил кај добри луѓе, кои се грижеле за него и го нашол во многу добро здравје и видно здебелен.
Во Етно село го чуваа Исидор бесплатно, иако јас се понудив да платам за неговиот престој. Но тие ми рекоа дека го примиле за да помогнат, а не да заработата. Тоа ме воодушеви и неизмерно сум благодаен. Мојот пријател Исидор има 15 години и не го јавам, туку заедно одиме и ми прави друштво во патувањето, го носи шаторот, облеката и тоа што ни е неопходно за живот. - вели Конверсе.
Во исто време кога Лулу го продолжи неговото патување кон Ерусалим, неколку стотина активисти од 7 невладини организации од неговиот регион во Франција, симболично го испратиле со тоа што трнале од повеќе градови, а се соберале на местото каде што живеел Лулу. Со тоа го искажуваат нивниот револт од нуклеарно вооружување во светот и се молат за мир.