×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Магла на патот Куманово – Страцин

    10.01.2022 08:14 | Сузана Николиќ

    Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри утрово има на патниот правец Куманово – Страцин.

    Магла на патот Куманово – Страцин

    Како што информира АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково и Пресека. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Куманово – Страцин и до 80 метри на планинскиот премин Буково. 

    На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.