×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија доби нова Влада, нов премиер е Христијан Мицковски

    24.06.2024 08:25 | KumanovoNews

    Со 77 гласа „за“ и 22 „против“, час и пол пред полноќ, синоќа Собранието ја избра новата Влада на чело со Христијан Мицкоски.

    Македонија доби нова Влада, нов премиер е Христијан Мицковски

    Новата влада има 24 члена, од кои 15 се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. Покрај премиерот, има вкупно 23 министри, од кои 20 со ресор.

    Владата има 5 вицепремиери: Изет Меџити, лидер на Демократското движење, е прв вицепремиер и министер за екологија. Вицепремиер и министер за транспорт и врски е Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Министер за добро владеење и вицепремиер од Алијанса за Албанците е Арбен Фетаи. Љупчо Димовски од Социјалистичка партија е вицепремиер и министер за политички систем. Вицепремиер за односи меѓу заедниците е Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

    Министери се: за надворешни работи Тимчо Муцунски (ВМРО-ДПМНЕ), за внатрешни работи Панче Тошковски (ВМРО-ДПМНЕ), за одбрана Владо Мисајловски (ВМРО-ДПМНЕ), за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска (ВМРО-ДПМНЕ), за енергетика и рударство Сања Божиновска (ВМРО-ДПМНЕ), за земјоделство Цветан Трипуновски (ВМРО-ДПМНЕ), за култура и туризам Зоран Љутков (ВМРО-ДПМНЕ), за образование и наука Весна Јаневска (ВМРО-ДПМНЕ), за локална самоуправа Златко Перински (ВМРО-ДПМНЕ), за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски (ВМРО-ДПМНЕ), за спорт Борко Ристовски (ВМРО-ДПМНЕ), министер без ресор задолжен за спроведување на декадата на Ромите е Шабан Салиу, за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани (Беса), за економија и труд Бесар Дурмиши (Беса), за европски прашања Орхан Муртезани (Алтернатива), за здравство Арбен Таравари (Алијанса за Албанците), за правда Игор Филков (ЗНАМ), за јавна администрација Горан Минчев (ЗНАМ).