Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонија е рангирана на 69- то место според индексот на перцепција на корупцијата, според последниот извештај на Транспаренси интернешенл за 2011 година.
Со оценка 3,9 на скалата од 0 (најкорумпирани земји) до 10 (земји без корупција), падната е во однос на минатата година со оценка од 4,1, кога беше на 62-то место.
Од државите во регионот, пред Македонија се Словенија на 35. место и Хрватска и Црна Гора кои ја делат 66. позиција. Зад Македонија се Грција на 80., Бугарија и Србија на 86., БиХ на 91., Албанија на 95 и Косово на 112 место.
Најмалку коруцпија според Транспаренси интернешенл има во Нов Зеланд кој е оценет со 9,5, и во Данска и Финска кои имаат оценки 9,4. Најкорумпирани држави во светот се Северна Кореја и Сомалија.
Во извештајот на Транспаренси се оценувани 182 држави. Истражувањето се однесува на периодот од декември 2010 до септември 2011 година.