Македонија утре во жолта фаза
21.07.2014 11:22
| KumanovoNews
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре целата територија на Македонија ќе биде во жолта фаза.

Циклонот кој ја погоди Западна Европа, полека но сигурно се наближува кон земјава, а од утре се очекува да го зафати и средиштето на Европа. Македонија утре влегува во жолта фаза. Според предвидувањата на метеоролозите, оваа појава треба да донесе наоблачување и поинтензивни врнежи од дожд.
Температурите ќе се движат од 29 до 35 степени.